Петиција да се преигра мечот помеѓу Франција и Швајцарија

by
1 минути читање

Франција веќе е
елиминирана од Европското првенство, а избраниците на Дидје Дешам си ги
спакуваа куферите од турнирот уште во осминафиналето по сензацијата која ја
приреди составот на Швајцарија.

Интересно е тоа
што повеќе од 240,000 фанови потпишале петиција која ја испратиле до УЕФА за да
се издејствува кај европската куќа на фудбалот за мечот помеѓу обете
репрезентации да се преигра.

Познато е
правилото за тоа каде имаат обврска да стојат голманите при изведувањето на
пеналите, а француските навивачи сметаат дека позицијата на Јан Цомер не била
исправна во тие ситуации, особено во обидот на Килијан Мбапе во последната
серија откако младата ѕвезда заврши како голем трагичар за фаворитот и му
дозволи на голманот на Швајцарија да се истакна со одбрана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×