Анте Ребиќ е
фудбалерот за кого најмногу се зборува во Хрватска, но во негатвна конотација,
откако во него многу навивачи на „Коцкестите“ гледаат главен виновник за
елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Европското првенство.
Особено за
фудбалерот на Милан се коментираше откако во моментот кога Шпанија израмни, тој
менуваше копачки, за што лут беше селекторот Далиќ, а се верува дека во
соблекувалната потоа бурно реагирал и капитенот Модриќ.
„По се’, не е важно кој е виновен, факт е дека ние
изминативе 2-3 години сме с*ање“ напиша Ребиќ, а потоа го „подбра“ и селекторот
Златко Далиќ индиректно, посочувајќи дека немало кој да го искористи добриот
момент за „Коцкестите“.

„Особено ми е жал
што немавме некој кој би ја искористил оваа талентирана генерација, плус двајца
генијалци (Л и М) да направиме нешто многу повеќе на ова првенство“ додаде тој
во својата објава.

Објавата на Ребиќ
набрзо ја снема од социјалните мрежи, меѓутоа го снема и неговиот профил на
Инстаграм.