Јувентус има три опции за замена на Роналдо

by
1 минути читање

Габриел Жесус,
Мауро Икарди и Душан Влаховиќ се трите опции кои Јувентус ги има за замена на
Кристијано Роналдо, за кого се шпекулира дека бара излез од Торино уште ова
лето.

„Тутоспорт“ ги
наведе трите опции кои ги има Јувентус, а една од опциите е Жесус кој не успеа
да се наметне во Манчестер Сити, па Пеп Гвардиола дури и во повеќе наврати
играше без класичен напаѓач, изоставувајќи го Бразилецот дури и во такви
ситуации.

Од останатите
двајца кои ги наведе италијанскиот медиум, вториот е Икарди кој и повеќе од
веројатно е дека ќе си замине од ПСЖ, а не се исклучува враќање на Аргентинецот
во Серија А, откако претходно во Интер остави одлични импресии.

Третата опција е
Влаховиќ кој изминатата сезона во дресот на Фиорентина постигна фантастичен
учинок од 21 гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×