Коке: И нас можеше да ни се случи истото сценарио на Франција

by
1 минути читање

Неверојатни
натпревари имавме можност да проследиме во понеделникот каде Шпанија и
Швајцарија прогресираа во четвртфиналето од Европското првенство откако во
осминафиналето славеа против Хрватска, односно Франција.

Обата меча беа
решени по продолженија, а во регуларниот дел беа постигнати по шест погодоци,
па говорејќи во пресрет на мечот со Швајцарија, репрезентативецот на Шпанија,
Коке, предупреди дека неговите соиграчи не смеат да се опуштаат и погрешно да
ја протолкуваат улогата на фаворити.

Не е лесно да
добиете натпревар овие денови, не постојат мали екипи, секој може да победи
секого
“ рече Коке.

Ние бевме
сведоци на тоа што и се случи на Франција, тие помислија за момент дека веќе ја
совладале Швајцарија, истото за малку ќе ни се случеше и нам против Хрватска

додаде тој, потсетувајќи на драмата со „Коцкестите“ кога фаворитот на крај во
продолженија славеше со 5-3, иако во регуларниот дел имаше водство од 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×