21 годишниот Нуно
Таварес е првото засилување летово за Микел Артета и Арсенал во пресрет на
новата сезона, со тоа што Португалецот пристигнува од редовите на Бенфика.
На младиот
Португалец како што е редот, му претстојат најпрво медицинските прегледи, по
што Арсенал ќе го објави засилувањето вредно 8 милиони евра.
Очекувањата се
Таварес да биде алтернативна опција за левиот бек Киеран Тирни, со тоа што „Топчиите“
планираат да ги освежуваат и другите позиции за тешката сезона која претстои.
Арсенал е мошне
активен на трансфер пазарот летово, со тоа што има долга листа на желби за
засилувања, а повеќе медиуми објавија и дека клубот од Лондон е близу договор и
за ангажман на 21 годишниот Алберт Самби Локонга од Андерлехт, кој игра во
средниот ред.
Истовремено,
Арсенал продолжува и со преговорите за ангажман на дефанзивецот Бен Вајт од
Брајтон, но и голманот на Шефилд Јунајтед, Арон Ремсдејл..