Иако под голем
притисок од јавноста поради елиминацијата уште во осминафиналето на Европското
првенство од Швајцарија, Дидје Дешам ќе остане селектор на Франција, а ќе ја
предводи селекцијата и во обидот за одбрана на светската титула идната година
во Катар.
Се верува дека
настанал вистински хаос во соблекувалната на „Триколорите“ по големото
разочарување против Швајцарија, меѓутоа и покрај низата шпекулации околу
разнишаната атмосфера во таа селекција, позицијата на Дешам се верува дека е
сигурна, барем засега.
„Ле Парисиен“
пишува дека 52 годишниот Дешам и натаму ќе го одработува својот договор кој
истекува во декември идната година, со тоа што Мундијалот во Катар ќе биде за
него следниот предизвик.