Реал Мадрид е веќе минато за Рамос (ФОТО)

by
1 минути читање

Заминувањето на
Серхио Рамос од Реал Мадрид е веќе официјално потврдено од обете страни,
меѓутоа помалку зачудува фактот како искусниот фудбалер почна да го „брише“
клубот на своите профили на социјалните мрежи.

Рамос го носеше
дресот на „Кралевите“ цели 16 години, а веднаш го избриша клубот од социјалните
мрежи, со тоа што во неговиот опис останаа само „Фудбалер и амбасадор на Уницеф“.

Интересно е тоа
што на официјалниот клупски сајт на Реал Мадрид, Рамос и натаму се води како
член на првиот тим, а тоа е секако информација која ќе се промени во скоро
време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×