259
Од ѕвездата на
Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд на социјалните мрежи беше побарано да го
објави трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, на што тој одговори
потврдно, со што предизвика низа реакции во јавноста.
За момент настана „мешаница“ на социјалните мрежи кај фановите на „Црвените ѓаволи“ кои се израдуваа на тој негов коментар, меѓутоа, неговата објава подоцна беше повлечена од социјалните мрежи, а самиот Рашфорд тврдеше дека бил мета на хакери, со тоа што се дистанцираше од објавата.