Бенитез се „попишмани“: Не сакав за Евертон да кажам дека е мал клуб

by
1 минути читање

И покрај големото
противење од страна на навивачите на Евертон, клупското раководство донесе
одлука и истата не ја промени, па така Рафа Бенитез стана шеф на стручниот штаб
на „Карамелите“.

Немаше ништо да биде
чудно во сево ова доколку шпанскиот тренер претходно не беше тренер на лутиот
градски ривал на Евертон, Ливерпул, а во една прилика Бенитез дури и го нарече
мал клуб, тој што ќе го предводи во новата сезона, а сега
се кае за таквите коментари и оправдува бидејќи му биле пренесени зборовите на
погрешен начин.

Направив грешка
кога кажав дека Евертон е мал клуб, тоа што сакав всушност да го кажам е дека
беа помал клуб
“ рече Бенитез.

На тој натпревар
Евертон имаше само една шанса и на крајот победи, а беа толку многу повлечени
на својата половина
“ додаде шпанскиот фудбалски стратег.

Навивачите на
Ливерпул беа среќни, а оние на Евертон вознемирени, но јас не сакав да кажам
дека тие беа мал клуб, се надевам дека повеќето ќе ме разберат
“ подвлече
Бенитез кој има доволно време за да ги склопи коцките во тимот на „Карамелите“
на повеќе од еден месец до стартот на новата сезона од Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×