Што значи за Барса тоа што на полноќ истекува договорот на Лео Меси

by
1 минути читање

Вечерва на полноќ, Лео Меси ќе биде фудбалер без клуб, истекува неговиот договор со Барселона. Претседателот Жоан Лапорта повикува на смиреност и вели дека нема потреба за загриженост.

Иако сите очекуваат Лео Меси да остане на Камп Ноу, ваквата ситуација отвара одредни прашања и проблеми.

Доколку Лео Меси се повреди на Копа Америка додека не е под договор со Барселона, напаѓачот нема да биде дел од здравственото осигурување на „каталонците“ па Барса нема да добие компензација од ФИФА.

На пример, Барса ќе добие обесштетување за Осман Дембеле, кој се повреди при настап за Франција на ЕВРО 2020 и ќе биде надвор од стројот четири месеци, некои информации велат дека се работи за сума од речиси 20.000 евра на дневна основа.

Барса исто така нема да може да ги користи имиџ правата на Лео Меси при промоција на новиот дрес, ниту пак ќе може да продава дресови од Аргентинецот од сезоната 2021/22 во официјалните фан-шопови.

Проблем може да биде и тоа како Ла Лига ќе гледа на ситуацијата, односно дали ќе смета дека Лео Меси го продолжил договорот или пак Барса ангажирала нов играч. Доколк се работи за второто сценарио, тоа ќе влијае врз селари-капот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×