311
Англија со 2-0
беше подобра од Германија и избори место во четвртфиналето од Европското
првенство, а „Панцирите“ имаат повеќе причини што да жалат од денешната
пресметка на „Вембли“ во Лондон.
Особено голем
трагичар за Германците беше Томас Милер кој при 1-0 негатива за Германија на
неполни десет минути пред крајот на регуларните 90 минути игра не успеа да
искористи зицер за израмнување кој се случи по една голема грешка на Стерлинг.
Милер промаши, а пет минути подоцна Кејн погоди за конечни 2-0 во корист на „Гордиот албион“.