Новата повреда на
задната ложа повторно донесе операциски зафат врз ѕвездата на Барселона, Осман
Дембеле кој се здоби со повредата за време на Европското првенство.
Барселона денеска
потврди дека операцијата поминала успешно, па така 24 годишниот крилен напаѓач
сега му претстои рехабилитација, односно пауза од терените.
Каталонскиот
гигант потврди дека на фудбалерот му претстои пауза од четири месеци, а
очекувањата се дека би можел да се врати на терените кон крајот на октомври, а
тоа се најоптимистичките очекувања.
Ова секако е лоша
ситуација како за Дембеле, така и за Барселона, која по оваа операција
веројатно и паѓа во вода последната надеж да се извлече нешто од евентуална
продажба на Французинот чиј договор истекува идната година.