Тотнем нема опција да го задржи Бејл, потврди агентот на Велшанецот

by
1 минути читање

Агентот на Герет
Бејл, Џонатан Барнет потврди дека Тотнем нема опција да го реангажира
Велшанецот повторно, овој пат за новата сезона, со тоа што иднината на
фудбалерот и натаму е неизвесна.

Бејл изминатата
сезона ја помина во дресот на Тотнем на позајмица од Реал Мадрид, а има уште
една година од својот активен договор со „Кралевите“, па најверојатно ќе мора
да се докажува пред Карло Анчелоти во новата сезона.

Како што кажав и
претходно, не постои таква опција
“ рече Барнет.

Герет нема
договор како и да е, тој е под договор со Реал Мадрид
“ додаде тој.

Велшанецот не
беше во плановите на Зинедин Зидан, меѓутоа постои барем малку надеж за него
под кормилото на Анчелоти, откако Италијанецот при враќањето на клупата на „Кралевите“
истакна дека има голема почит кон него, подвлекувајќи дека во случај тој да е
мотивиран, тогаш му претстои добра сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×