Навивачи на Евертон со закани кон Бенитез: Знаеме каде живееш, не потпишувај (ФОТО)

by
1 минути читање

Полицијата ги
истражува заканите кон шпанскиот тренер Рафа Бенитез откако се појави
транспарент близу местото каде тој живее.

Ние знаеме каде
живееш, не потпишувај
“ гласеше пораката на транспарентот, кој според полицијата
бил истакнат пред погрешна куќа, наместо пред домот на Бенитез, како што
полицијата претпоставува.

На Островот се
шпекулира дека Евертон го пикирал Бенитез за прв и главен кандидат за наследник
на Карло Анчелоти на клупата на таа екипа, меѓутоа навивачите на „Карамелите“
не сакаат ниту да помислат на тоа по шест минати години на Шпанецот на клупата
на нивниот најомразен градски ривал Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×