Мурињо за Шо рече дека одиграл многу добро против Чешка, но бил слаб за нафрлувања од корнери. Пред почетокот на ЕП првенство пак рече дека тој би го играл Чилвел пред Шо и објасни зошто.
Лук Шо кој во најмалку четири интервјуа имаше кажано дека Солшер е подобар тренер од Мурињо, сега се најде погоден од зборовите на Португалецот, единствениот тренер со кој има освоено трофеи.
„Да бидам искрен не разбирам. Не знам зошто сака да го вперува прстот во мене. Не мислам дека прекините беа толку лоши како што вели итој. Можеби изведов еден во второто полувреме кога не го префрлив првиот човек. Но тоа беше еден од три. Другите два од три мислам дека не беа толку драматично лоши како што вели тој“, изјави Шо.
„Видете тој има негова работа. Има свои мислења. Навикнат сум да зборува негативно за мене, па само го игнорирам. Се фокусирам само на тренерскиот тиим тука, само на Герет“.
„Мурињо многу сака да зборува за мене, тоа сите го гледаат. Нека зборува што сака. Јас се фокусирам на себе“.
„Точно е дека во Јунајтед немавме најдобар однос. Мислам дека тој беше брилијантен тренер, но минатото е минато. Време е да продолжиме. Јас се обидувам да продолжам, но тој очигледно не може“.
„Постојано зборува за мене, што ми е многу чудно. Дури и некои од соиграчите ми велат, „што му е проблемот?“ и „зошто продолжува да зборува?“.
„Треба да престане. Се надевам дека ќе си најде сопствен мир и ќе престане да се грижи за мене. Јасно е дека јас сум во неговата глава и тој постојано мисли на мене“.
Ваквата изјава на Лук Шо, наиде на потсмев на социјалните мрежи.