187
Тоа беше меч од групната фаза, Холандија имаше водство со 2-0 со голови на Боума и Ван Нистелрој, на крај Чешка направи комплетен пресврт и победи со 3-2, головите за Чесите ги постигнаа Колер, Барош и Шмицер.
Тогаш за Холандија стартери беа: Ван дер Сар, Боума, Стам, Хеитинга, Ван Бронхорст, Давидс, Сидорф, Коку, Ван дер Мејде, Робен и Ван Нистелрој. Во игра влегоа и: Босвелт, Рајзингер и Ван дер Варт.
За Чешка стартери беа: Чех, Јиранек, Ујфалуши, Григера, Јанкуловски, Галашекк, Росицки, Поборски, Недвед, Колер и Барош. Во игра влегоа и: Шмицер, Хејнц и Розенал.