166
Тео Ернандез ја
обои својата коса во црвено-црна боја со тоа што го исполни ветувањето кое го
даде доколку неговиот тим Милан успее да се пласира во Лигата на шампионите за
идната сезона, што воедно и се случи.
Бекот придонесе
многу во успехот на „Росонерите“ откако успеа да запише седум погодоци, но и
шест асистенции во Серија А на 33 одиграни натпревари.
„Росонерите“
завршија на второто место изминатата сезона во Серија А, позиција која им
донесе враќање во Лигата на шампионите по пауза од цели седум години.
„Ветувањето мора
да се исполни“ напиша Ернандез во својата објава на социјалните мрежи.