208
Голема
разочараност владее во составот на Велс по убедливиот пораз со 0-4 од Данска во
осминафиналето од Европското првенство, а разбирливо, не беше расположен ниту
првата ѕвезда на поразениот табор, Герет Бејл.
По мечот Бејл
даваше изјава за медиумите, меѓутоа си замина откако репортер на „Би-Би-Си“ го
праша дали денешниот меч беше последен за него во дресот на националниот состав
на Велс.