Данска е првиот
четвртфиналист на Европското првенство откако со 2-0 го доби дуелот со Велс, а
вечерва ќе го дознаеме и вториот патник во таа фаза по дуелот помеѓу Италија и
Австрија кој се игра на „Вембли“ во Лондон.
Како што
најавуваа дел од италијанските медиуми, сосема очекувано Марко Верати доби
предност во однос на Мануел Локатели во почетниот состав на фаворитот, а
селекторот на „Аѕурите“, Роберто Манчини се одлучи и за Ди Лоренцо кој одново
се врати во одбраната на Италија, што се однесува пак до повредениот Џорџо Кјелини
е заменет со Франческо Ачерби.

Селекторот на
Австрија, Франко Фода има причини за задоволство во однос на составот бидејќи
на време се врати Криштоф Баумгартнер, а се врати и Марко Арнаутовиќ по
суспензијата поради непримерниот гест кон нашиот Алиоски.

Победникот од овој меч во четвртфиналето ќе се судри со победникот од пресметката помеѓу Франција и Белгија.