189
Кристијано Роналдо
со пет гола и една асистенција засега е најдобриот фудбалер на Европското
првенство, а ѕвездата на Јувентус ја предводеше својата Португалија со два гола
од пенал во убедливата победа против Унгарија во воведното прво коло од групната
фаза.
Селекторот на
Унгарија, Марко Роси му забележа на Португалецот поради начинот на кој
прославил гол од пенал во дуелот против неговата селекција.
„Роналдо е голем
шампион, но на моменти знае да биде здодевен“ изјави тој за „Газета дело Спорт“.
„По пеналот
против нас, тој прослави како да постигнал гол во финалето, луѓето знаат добро
да ги забележат овие моменти“ додаде Роси.