Неполна година по продолжената соработка, Астон Вила му нуди нов договор на Грилиш

by
1 минути читање

„Дејли Мејл“
извести дека Манчестер Сити по Европското првенство ќе го комплетира трансферот
на Џек Грилиш од Астон Вила за 100 милиони фунти, меѓутоа на Островот има и
друга верзија на случувањата околу англискиот репрезентативец.

Астон Вила прави
очајни напори да го задржи својот плејмејкер, а воедно му нуди и нов договор со
значително подобри услови од претходниот кој беше потпишан во септември
ланската година, со кој 25 годишниот Грилиш се обврза на верност со клубот до 2025
година.

Клубот од
Бирмингем е доста активен на трансфер пазарот во пресрет на новата сезона,
откако го ангажираѓе Емилијано Буендиа од Норич за клупски рекорд од трансфер
вреден 33 милиони фунти, а Арсенал им ја одби понудата вредна 25 милиони фунти
за Емил Смит Роу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×