Претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез е еден од клучните „играчи“ за т.н. Европска
Супер Лига која уште не почната брзо се растури, а тој и натаму верува дека тоа
е единствено решение за фудбалот во глобална смисла.
„Ништо не е
загубено, ние работевме на овој проект две години, 12 клубови, со формат кој го
враќа интересот за фудбалот, кој полека но сигурно го губи интересот, поточно
тој умира“ рече Перез, а потоа се осврна и на УЕФА.
„УЕФА не може
ништо против луѓето или клубовите кои се инволвирани во овој проект“ додаде
првиот човек на „Кралевите“ во изјавата за „Ел Транситор“.
„Ние не сакаме
никого да исклучиме, но повеќе од јасно е дека не може секој да влезе во едно
такво натпреварување, Рома – Сампдорија е помалку интересен меч за гледање
отколку Манчестер јунајтед – ПСЖ“ нагласи Перез.