Против Велс се случило конфузија, Италијанците против Австрија нема да клекнат на колена

by
1 минути читање

Селекцијата на
Италија наводно донела конечна одлука за сите фудбалери да не клекнат на колена
во знак на поддршка на движењето за поддршка за црномурестите пред утрешниот
меч со Австрија.

Мечот се игра на
„Вембли“ арената во Лондон, а истиот стартува со почеток од 21 часот, а гестот
кој го прават фудбалерите пред секој меч всушност започна на натпреварите во
Англија, но таквата пракса се пресели и на европскиот турнир.

Првиот човек за
односи со јавност на италијанската фудбалска репрезентација рече дека се
случила конфузија пред стартот на мечот со Велс во групната фаза каде пет
фудбалери на „Аѕурите“ клекнаа на колена, а тоа беа Андреа Белоти, Емерсон
Палмиери, Рафаел Толои, Матео Песина, како и Федерико Бернардески.

Од селекцијата на
Италија уверуваат дека одлуката да не го следат примерот со симболичниот гест
не значи дека ја игнорираат борбата против расизмот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×