Макс Алегри го известил раководството на Јувентус дека Артур Мело е
фудбалерот од средниот ред кој прв може да замине од клубот ова лето. Сепак,
проблем создава „дубарата“ која „старата дама“ ја направи минатото лето со
Барселона.
Со цел да се „испеглаат“ сметките и да се покаже поголема позитива во
балансите на Барселона и Јувентус, трансферот на Артур Мело изнесуваше 72 милиони евра, плус додатни 10
милиони евра во бонуси, додека пак Миралем Пјаниќ замина во спротивен правец за
60 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра, иако ниту еден од играчите не
вредеше толку многу.
Па сега Јувентус не може да најде клуб кој ќе плати слична сума и доколку
го продадат Артур Мело, ќе прикажат загуба. Затоа „старата дама“ размислува за
позајмица и на ум има две идеи.
Првата е Бразилецот да биде испратен кај Сари во Лацио но само доколку ова
отвори врата за преселба на Сергеј Милинковиќ Савиќ во Торино.
Втората е Артур Мело да биде испратен на позајмица во ПСЖ, а како дел од
зделката, Мауро Икарди да оди на позајмица во Јувентус.