Блеска на Европското првенство, па го привлече вниманието на Барса, Милан, Тотнем…

by
1 минути читање

Дамсгард следната недела ќе наполни 21 година, а со своите игри на ЕП може летово да си обезбеди трансфер во сериозен клуб.

Тој во Сампдорија пристигна во септември 2020 од Нордсјеланд за сума од 6,75 милиони евра.

Не играше многу под водство на Раниери, но и покрај тоа постигна два гола и имаше четири асиситенции.

Неговите партии на ЕП, особено онаа против Русија го привлекоа вниманието на големите екипи, се шпекулира дека за неговиот потпис се интересираат Барселона, Тотнем, Милан и Вест Хем.

Милан ќе има таен адут, капитенот на Данска, Симон Кјаер има мисија да го убеди Дамсгард да му се приклучи на Сан Сиро.

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро во интервју за италијанските медиуми рече дека цената на Дамсгард е 30 милиони евра, но ќе порасне на 40 милиони евра ако постигне уште некој гол на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×