Интер се поврзува
со можен ангажман на 32 годишниот бек на Барселона, како и шпански
репрезентативец, Жорди Алба, кој би можел да биде вклучен и во вид на трампа.
Во италијанскиот
првак гледаат идеално решение во Алба за левата бековска позиција, а познато е
дека клубот од Милано има во план да продаде дел од ѕвездите за да се соберат
потребните финансиски средства кои се планирани, иако не се исклучува можноста
тоа да се стори само со Ашраф Хакими за кого се верува дека е пред трансфер во
ПСЖ.
Како и да е, „Мундо
Депортиво“ пишува дека „Нероаѕурите“ би иницирале на трампа во која би бил
вметнат и Алба, а на менито за Каталонците би биле Милан Шкринијар, Лаутаро Мартинез,
односно Марсело Брозовиќ, од кои треба да се извлечат средства.