Реал ја намали цената на Варан и чека понуда од Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Рафаел Варан летово ќе замине од „Сантијаго Бернабеу“. Дефанзивецот има само уште една година од договорот и го одби предлогот за продолжување на соработката.

Реал Мадрид се надеваше дека ќе добие 60-70 милиони евра за услугите на Французинот, но според АС, „кралевите“ ја намалиле цената и ќе дадат зелено светло доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.

Прв фаворит за потписот на Рафаел Варан е Манчестер јунајтед и Реал сега чека клубот од „Олд Трафорд да повлече потег. Се шпекулира и за можноста Рафаел Варан да биде трампан за Пол Погба, кој исто така има само уште една година од договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×