Челси извиси, ПСЖ ја доби битката за потписот на Хакими

by
1 минути читање

Повеќе медиуми во
Италија пренесоа дека ПСЖ е мошне близу до ангажман на Ашраф Хакими од Интер,
откако наводно биле договорени личните услови на Мароканецот.

За услугите на
Хакими интерес пријавуваше и Челси, меѓутоа францускиот вицепрвак на крајот
излезе како победник во битката за потписот на бекот, според известувањата на „Скај
Спорт Италија“, „Газета дело Спорт“, но и „Спортиталија“.

Се верува дека
Интер ќе ја прифати понудата од 70 милиони евра на ПСЖ, иако клубот од Милано
посакуваше десет милиони евра повеќе од тоа, но и тоа е успех за италијанскиот
првак кој лани го ангажираше Хакими од Реал Мадрид за 45 милиони евра.

Хакими изминатата
сезона постигна седум погодоци, но и 11 асистенции, а Челси се обиде да го
ангажира нудејќи го дури и Маркос Алонсо покрај понудата од 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×