Манчестер јунајтед се согласил да ја исплати бараната сума за Санчо?

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед наводно се согласил да ја исплати бараната сума за обештетување за
Џејдон Санчо во висина од 77 милиони фунти, онолку колку што бара Борусија
Дортмунд во преговорите за својот фудбалер.

„Билд“ пишува
дека договорот за ангажман на 21 годишниот крилен напаѓач би можел да биде
официјализиран во деновите кои претстојат, а со обештетување во висина од 77
милиони фунти трансферот на Санчо би станал третиот најскап во историјата на
клубот од „Олд Трафорд“ по Погба и Мегваер.

Се верува дека во
Борусија Дортмунд поставиле рок до 23 јули за овој трансфер да биде реализиран,
доколку бидат исполнети нивните барања, по долгите и напорни преговори ланското
лето кои на крајот завршија безуспешно. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×