Првиот човек на
Тотнем, Даниел Леви е на голема мака изминатиов период со тоа што освен со
крајни се обидува да го убеди Хари Кејн да остане во клубот, има потешкотии и
да ангажира тренер по отказот за Жозе Мурињо.
Претседателот на
Севиља, Хозе Кастро тврди дека Тотнем имал вртоглава понуда до нивниот тренер
Хулен Лопетеги, меѓутоа тој на крајот го одбил Премиерлигашот бидејќи бил
среќен во шпанскиот прволигаш.
„Хулен дојде и ми
откри дека имал вртоглава понуда од Тотнем, ми рече дека сепак нема да ги заборави
убавите моменти во нашиот клуб, како и фактот што се чувствува среќен тука“
изјави Кастро за радиото „Кадена СЕР“.
„Ние му
верувавме, а му веруваме се уште, се договоривме за дополнителни две години
соработка, а сигурен сум дека тој ќе придонесе уште повеќе за овој клуб“ додаде
тој.
Претходно Тотнем
не успеа да пронајде заеднички јазик во преговорите со Антонио Конте, Пауло
Фонсека, но и Џенаро Гатузо.