255
Селекцијата на
Шпанија нема право на кикс денеска во дуелот против Словачка во последното,
трето коло од групната фаза, на фаворитот очајно му се потребни три бода за
влез во нокаут фазата, но почетокот не ветува такво сценарио.
Во 12 минута од
мечот очајниот Алваро Мората продолжи со бледите изданија на европскиот турнир
откако беше неуспешен во обидот од белата точка, а тој речиси му „телефонираше“
на голманот Мартин Дубравка каде ќе шутира во оваа прилика.