892
Во последните неколку дена има многу стории за обидите на Манчестер Сити да
го ангажираат Хари Кејн, кој треба да биде наследник на Серхио Агуеро.
Оваа недела беше објавено за понуда од загарантирани 100 милиони фунти, а
во зделката ќе биде вклучен еден или повеќе фудбалери.
Според пишувањата на Атлетик, „граѓаните“ ги известиле „спарси“ дека мора
да прифатат фудбалер/и поради ковид-19 кризата и на маса ставиле пет имиња,
Тотнем требал да избира од Габриел Жесус, Бернардо Силва, Рахим Стерлинг,
Ајмерик Лапорт и Ријад Марез.
Но Даниел Леви уште еднаш покажал дека е човекот со кој најтешко се преговара
и не само што го одбил предлогот, порачал дека Хари Кејн не е на продажба.