Милан почна да бара замена за Чалханоглу, се разгледуваат повеќе опции

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт Италија“, Милан сака на Сан Сиро да го донесе фудбалерот на Челси, Зијеш.

Конкуренцијата во офанзивата на Челси е голема, Милан сака да го искористи тоа и да го донесе Зијеш на позајмица.

Според „Скај Спорт“, Милан не може да се расфрла со пари, тие веќе потрошија над 40 милиони евра за ангажман на голманот Мајк Мањан и откупот на Фикајо Томори. Па замената на Чалханоглу би требало да биде земена на позајмица, евентуално да се ангажира слободен фудбалер.

Но Зијеш не е единствениот на списокот на Милан, таму се и Дани Себаљос, Рафиња, Ченгис Ундер, Амин Адил, Хамес Родригез, Томас Лемар и Адам Оунас.

Малдини сака што побрзо да ги донесе новите засилување со цел тие да бидат вклучени од почетокот на подготовките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×