546
Капитенот на
Шкотска, Енди Робертсон избриша видео на кое јасно се гледа како игра пинг-понг
заедно со своите соиграчи од репрезентацијата Џон МекГин и Били Гилмор, а немаше
да има никаков проблем во сево ова, доколку последниот не излезеше позитивен на
тестирањето за ковид-19.
Во пресрет на
клучниот меч со Хрватска во последното коло од групната фаза на Европското
првенство, од шкотскиот национален состав тврдат дека Гилмор немал контакти со
останатите соиграчи, но тоа го „демантираше“ Робертсон со својата објава која потоа ја избриша.