161
Манчини четири сезони беше тренер на Манчестер Сити, па добро ги познава клубовите од Премиерлигата. Денеска играат против Велс и само со пораз може да го загубат првото место.
„Стоук има многу тежок стил на игра, многу е тешко да ги разбиеш“, вели Манчини.
„Вечерашниот меч ќе биде многу тежок од физичка гледна точка бидејќи Велс е моќен како Стоук, но во исто време се многу добри и на техничко ниво. Имате играчи како Џо Ален, Герет Бел, Даниел Џејмс. Тоа се играчи кои имаат вештини“.