Нов ден, ново засилување за Шкупи, чаирскиот клуб потпиша со Марко Ѓорѓиевски

by
1 минути читање

Марко Ѓорѓиевски во Шкупи доаѓа од екипата на Раднички Пирот, клуб кој игра во втората по ранг лига од Србија. Тој е член и на македонската репрезентација до 21 година.

„Доаѓам во Шкупи, бидејќи е навистина голем клуб. Овие пет дена додека сум овде навистина можам да кажам дека добив добар третман и мислам дека ќе напредувам и ќе го дадам најдоброто од себе за да ја оправдам довербата која ја добив со голови и асистенции. Ќе се погрижам да бидам добро прифатен од сите соиграчи и од тренерскиот тим и се надевам дека ќе ја оправдам довербата. Се надевам ќе имаме голем успех во Европа и во домашното првенство, каде што се надевам конечно ќе успееме да се радуваме на титула, заедно со нашите навивачи“, вели Ѓорѓиевски.

Тој е дете на Вардар, а во Македонија играше и за Борец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×