35-годишниот шпански дефанзивец е слободедн играч и се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Според „Калчомеркато“ во трката по Рамос се приклучува и Рома, Жозе Мурињо му се јавил на својот поранешен играч кога тој кажа и официјално дека заминува од Реал Мадрид.
Информациите велат дека тоа била конверзација меѓу двајца пријатели во тежок период за едниот од нив (Рамос), но Мурињо ја искористил ситуацијата и да го викне во Рома.
Сепак мали се шансите тоа да се случи, тешко е Рома на Рамос да му ја понуди платата која може да му ја дадат останатите клубови кои се интересираат за него.
Од италијанските клубови тој се поврзува и со Милан, а од другите со двата клуба од Манчестер, со ПСЖ и Севиља.