Македонија во понеделник го игра последниот меч на Европското првенство, а ако Пандев остане на својот став дека ќе стави крај на кариерата, дуелот со Холандија ќе биде последен за него воопшто.
Елмас се приклучува на оние кои притискаат Пандев да продолжи да игра, Македонија е во добра позиција во квалификациите за Светското првенство и капитенот ни е потребен.
„Не знам дали на бате Горан ќе му биде последен меч, зашто и после ова Европско имаме важни мечеви, нѐ чекаат квалификации за Светско првенство и јас се надевам дека ќе остане со нас. Не би сакал да оди во пензија. Ако тоа се случи, би сакале да го испратиме на прекрасен начин, знам дека ќе биде среќен, како и сите ние. Ама, јас посакувам и се надевам дека нема да се откаже после овој меч со Холандија“, изјави Елмас.