Англија важеше за
прв фаворит на Европското пренство во изборот на букмејкерите, меѓутоа „Гордиот
албион“ дефинитивно има голем проблем во Хари Кејн, кој по минималната победа
на Хрватска, одново разочара со своето бледо издание, овој пат во ремито без
голови против Шкотска.
Рој Кин смета
дека фактот што напаѓачот е во незавидна ситуација околу својата иднина,
односно со мислите е во посакуваното заминување од Тотнем, прави проблем за
селекцијата на Англија.
„Тој рече дека
сака да го напушти Тотнем, можеби вниманието му е насочено кон тоа“ вели Кин.
„Тоа може да ви
ја одземе и енергијата која ја поседувате, доколку размислувате за напуштање на
клубот или доколку имате преговори со друг клуб“ додава поранешниот фудбалер на
Манчестер јунајтед, а потоа
нагласи дека Кејн мора да проработи.
„За Англија да
биде конкурентна на ова првенство, тогаш потребно е ѕвездите во тимот да
проработат, веќе видовме што сторија Лукаку и Де Брујне, како и Роналдо, а Кејн
не беше на своето ниво“ нагласи Ирецот.
„Драго ми е што
Саутгејт го повлече од игра, бидејќи повторно на сцена ќе стапеа коментарите
дека бил недопирлив, тој бил ѕвезда, главниот во тимот, доколку нема добри
перформанси тој треба да биде изваден од игра, Рашфорд внесе одредена енергија
во играта, меѓутоа далеку од доволно беше тоа“ заклучи Кин.