Серхио Рамос е во центарот на вниманието, замина од Реал Мадрид и по долго време е во потрага по нов клуб.
Роналдињо сакаше да го искористи моментот и да го истрола својот фудбалски ривал, но не му успеа баш.
Роналдињо објави фотографија од него и Рамос и напиша: „Хеј Рамос, се сеќаваш на оваа ноќ?“.
Тоа е слика од сезоната 2006-07 од Класико кое Реал Мадрид со 2-0 го доби на Бернабеу.
А Роналдо се чини дека мислел дека тоа е фотографија од претходната сезона кога Барселона со 3-0 го победи Реал Мадрид на Бернабеу, а тој постигна два гола.
Рамос му одговори: „Се сеќавам… но оваа слика неколку месеци подоцна беше далеку подобра“.
Во сезоната 2006-07, Реал Мадрид ја освои јубилејната 30та титула во шпанското првенство.
I do… but this one a few months later was way better @10Ronaldinho pic.twitter.com/RQ8ft4Kn4X
— Sergio Ramos (@SergioRamos) June 18, 2021