Енрике застана во одбрана на Мората, тврди дека перфектно си ја одработува задачата

by
1 минути читање

Шпанија
стартуваше со реми без голови против Шведска во воведното прво коло од групната
фаза на Европското првенство, а слабата завршница во нападот се префрли на
критики кон првиот напаѓач Алваро Мората.

Сепак, селекторот
на Шпанците, Луис Енрике категорично застана во одбрана на својот фудбалер, кого
го спореди дури и со ѕвездата на Англија, Хари Кејн.

Тој е добар,
говорот на неговото тело кажува дека тој е добар и сметам дека перфектно си ја
одработува својата задача на теренот
“ рече Енрике за фудбалерот кој се
почесто добива свирежи од навивачите, а
така беше и против Шведска на пресметката во Севиља.

Ние постојано
сме во комуникација, го учиме за некои работи секоја седмица, тој работи со
насмевка на своето лице, а однесувањето му е на одлично ниво, имаме целосна
доверба во Мората
“ додаде тој.

Со 41 меч за
Шпанија, само Давид Виља и Фернандо Торес имаат повеќе голови од него, а од
другите селекции пак, само еден фудбалер постигнал повеќе голови од него, тоа е
Хари Кејн, не е ниту Килијан Мбапе, ниту Роберт Левандовски, ниту Ромелу Лукаку

нагласи селекторот на Шпанците.

Шпанија денеска
ќе ги одмери силите со Полска, меч на кој фаворитот нема право на грешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×