Повратникот во
националниот состав на Германија, Матс Хумелс си постигна автогол во првото
коло од групната фаза на Европското првенство, поточно во минималниот пораз на
„Панцирите“ од Франција.
Хумелс не крие
дека неговиот тригодишен син прославил кога си постигнал автогол, меѓутоа, како
што и самиот тој вели, за среќа, засега се уште не разбира што значи таа
ситуација.
„За среќа тој се
уште не знае што значи автогол“ рече Хумелс.
„Тој мисли дека
секогаш кога топката ќе влезе во гол е добро, ми беше кажано дека славел кога
го постигнав автоголот, ќе морам да го научам за тоа“ додаде тој.
Германија ќе мора
на победа против Португалија во второто коло, во спротивно ќе се соочи со
исклучително тешка ситуација.