332
Македонската фудбалска експедиција денеска од Букурешт се пресели во Амстердам каде во понеделник против Холандија ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.
Ангеловски им даде одмор на оние играчи кои го одиграа целиот натпревар против Украина, останатите го одржаа редовниот тренинг.
По вчерашниот меч со Украина, Македонија ги загуби шансите за пласман во осминафиналето, мечот со Холандија ќе биде за гордост и за крај на настапот со убав впечаток.








