Во Евертон ќе мораат добро да размислат за Бенитез по оваа реакција на навивачите (ФОТО)

by
0 минути читање

Навивачите на
Евертон налутени по тоа што го разбраа од медиумите дека нивниот омилен клуб
преговара со Рафа Бенитез за нов тренер, ставија јасно дознаење дека се против
таквата идеја.

Вон „Гудисон“
арената беа поставени транспаренти на кои беше пренесена пораката од нивна
страна дека се апсолутно против Бенитез да го преземе кормилото на таа екипа,
откако во минатото тој беше на клупата на лутиот градски ривал Ливерпул.

Помеѓу пораките
упатени до Бенитез, можеа да се забележат и невкусни навреди на адреса на
шпанскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×