Агентот на Спинацола на средба со претставници на Реал Мадрид

by
1 минути читање

„АС“ пишува дека
агентот на Леонардо Спинацола имал средба со челниците на Реал Мадрид, со тоа
што се подготвува договор за трансфер на фудбалерот помеѓу обете страни.

Шпанскиот медиум
додава дека Реал Мадрид ставил јасно дознаење дека е сериозен во намерата да го
ангажира 28 годишниот бек кој игра одлично на Европското првенство, а се подготвува
и еден вид трампа помеѓу „Кралевите“ и Рома.

Се шпекулира дека
Реал Мадрид подготвува трампа во која би го вклучил Борха Мајолар кој лани се
приклучи на Рома на двегодишна позајмица.

Рома има опција
за 20 милиони евра да го откупи договорот на Мајолар, меѓутоа наместо тоа, „Кралевите“
го посакуваат Спинацола.

Во Италија пак
тврдат дека во Рома не се согласни на тоа да се случи трампа помеѓу Спинацола и
Мајолар, кој и онака ќе остане на позајмица и во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×