Јармоленко го стори спротивното од Роналдо и Локатели (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Андриј Јармоленко
игра фантастично на Европското првенство, а за тоа нема дилеми откако во
поразот со 3-2 од Холандија постигна еден гол, а во победата против Македонија
со 2-1 запиша гол и асистенција.

Фудбалерот на
Вест Хем воедно е последната ѕвезда на европскиот турнир кој се вмеша во темата
со пијалоците кои стојат на масата за време на пресконференциите, а всушност се
дел од главните спонзори на турнирот.

Може ли јас
нешто да сторам? Го видов Роналдо како го прави ова, сакам да ги преместам
пијалоците овде, Кока Кола и Хајнекен, ве молам, бидете во допир со сево ова

рече Украинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×