Клаудио Раниери
смета дека Италија на Роберто Манчини игра како клуб, откако „Аѕурите“ запишаа
две победи на стартот од воведните две кола на Европското првенство, паднаа
Турција и Швајцарија, и обете со по 3-0.
Можеби
противниците не се целосна слика, меѓутоа факт е дека Италијанците делуваат
моќно, за што уверуваат и зборовите на Раниери, кој „Аѕурите“ ги опиша како
еден перфектен оркестар.
„Италија игра
како клуб, едноставно така наликува, тоа се повтори и против Турција“ рече
Раниери.
„Дриблање,
пресинг, трчање, постојан континуитет во играта, ова навистина е национален тим
кој игра како клуб, а сето тоа уште повеќе ја подобрува работата на Роберто
Манчини“ додава тој.
„Досега, сево ова
мене лично ми наликува на еден перфектен оркестар, шест гола постигнати, а ниту
еден примено досега, целосна доминација над противникот, Манчини отвори ново
поглавје со Италија, мораме да продолжиме да го следиме“ нагласи Раниери.