Почетни состави: Де Лихт стартува од првата минута за Холандија (ФОТО)

by
1 минути читање

Холандија и
Австрија веќе обезбедија по една победа во првото коло, против Украина со 3-2,
односно Македонија со 3-1, а вечерва ќе се судрат во походот по втората победа
која ќе гарантира пласман во нокаут фазата.

Веќе имаме
можност да се запознаеме со почетните состави на обете екипи, а од тоа што
можеме да го забележиме, нема некои големи промени на обете страни.

Холандија ќе
стартува во идентична формациска поставеност како што беше во дуелот со
Украина, односно 5-3-2, а од тоа што можеме да забележиме, Де Лихт, кој
претходно отсуствуваше поради повреда, вечерва ќе стартува од првата минута. Во
нападот ништо ново кај „Лалињата“, таму се Вехорст и Депај.

Што се однесува
пак до почетниот состав на Австрија, оваа селекција со нешто поотворена
формациска поставеност, доколку против Македонија играа со еден централен
напаѓач и полушпиц, вечерва ќе биде 4-4-2, односно со Сабицер и Калајџиќ, кои
всушност сега и двајцата ќе бидат на тие позиции, а Сабицер беше нешто поназад
против Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×