Македонија нема
што да жали, настапот на Европското првенство е искуство плус за тоа што
претстои во иднина, а избраниците на Игор Ангеловски дадоа се’ од себе да дојдат барем до бод од мечот со
Украина, меѓутоа следеше нов пораз со 2-1, по оној од Австрија во првото коло
со 3-1.
Освен одбранетиот
пенал на Столе Димитриевски (видео–ТУКА), од неколкуте добри ситуации за нашата
најдобра фудбалска репрезентација од денешниот меч секако ќе го издвоиме и
потегот на Горан Пандев кој дојде до одлична шанса за гол, успеа на вистински
начин да го „матира“ голманот на Украина, Бушчан меѓутоа и покрај одличната
реализација со полу-лоб, на крајот оваа мајсторија од гол за жал беше поништена
поради претходен офсајд.