Нашиот
репрезентативен голман Столе Димитриевски си запиша еден прекрасен момент на
индивидуален план на Европското првенство со тоа што успеа да одбрани пенал за
Украина.
Во 83 минута по
прегледувањето на снимките беше утврдено игра со рака на Аврамовски при еден
прекин на Украинците, по што Малиновски ја презеде улогата на изведувач од
белата точка.
Сепак, Украинецот
биеше по левата страна, а неговата намера на фантастичен начин ја прочита
Димитриевски кој го одбрани неговиот обид и ги одржа во живот нашите шанси да
дојдеме до позитивен резултат, но на крајот Украина сепак славеше со 2-1 за
втор пораз на избраниците на Ангеловски на европскиот турнир по оној од
Австрија во првото коло со 3-1.